НАД 1,2 МИЛИОНИ РУСКИ ВОЕНИ ЗАГУБИ Украина објави нов биланс од фронтот

Украинскиот Генералштаб објави нов биланс на руските воени загуби од почетокот на инвазијата.

НАД 1,2 МИЛИОНИ РУСКИ ВОЕНИ ЗАГУБИ Украина објави нов биланс од фронтот
Фото: Принтскрин

Руските воени сили досега изгубиле повеќе од 1,2 милиони војници од почетокот на целосната инвазија врз Украина во февруари 2022 година, според најновиот извештај на Генералштабот на украинската армија. Во оваа бројка се вклучени и дополнителни 2.310 руски воени загуби регистрирани во текот на изминатите 24 часа. Покрај човечките загуби, украинскиот Генералштаб наведува дека руските сили досега изгубиле и огромен број воена опрема и техника.

Според објавениот биланс, станува збор за:

  • 12.487 тенкови;

  • 25.923 оклопни борбени возила;

  • 178.062 возила и цистерни за гориво;

  • 52.661 артилериски систем;

  • 2.295 повеќекратни ракетни лансери;

  • 1.767 системи за воздушна одбрана;

  • 452 авиони;

  • 356 хеликоптери;

  • 3.209 беспилотни копнени возила;

  • 35 бродови и чамци;

  • две подморници.

Украинскиот Генералштаб претходно, на 29 октомври, соопшти дека октомври 2026 година бил месецот со најголем број руски борбени загуби од почетокот на целосната инвазија.

Украинските власти не објавуваат целосен биланс на сопствените воени загуби, повикувајќи се на оперативна тајност. Независните анализи на западните истражувачки центри укажуваат дека руските загуби се значително поголеми од украинските. Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS) го проценува односот на руските и украинските загуби на околу 2,5:1 или 2:1.

Во извештај објавен во јануари 2026 година, CSIS проценува дека Украина веројатно претрпела меѓу 500.000 и 600.000 воени жртви во периодот од февруари 2022 до декември 2025 година. Од нив, се проценува дека меѓу 100.000 и 140.000 украински војници загинале во борба.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервју за „Франс ТВ“ на 4 февруари, изјави дека најмалку 55.000 украински војници загинале на бојното поле од почетокот на целосната руска инвазија, покрај значителниот број исчезнати војници.

Дополнителен проблем за украинската страна претставува интензитетот на руските напади со беспилотни летала и борбените дејствија, поради што пронаоѓањето на телата на загинатите војници е отежнато. Тоа ја усложнува и ДНК-идентификацијата, неопходна за официјална потврда на нивниот идентитет.

CATEGORIES
TAGS
Share This