НА ИЗБОРИТЕ ВО НОЕМВРИ Трамп најави големо изненадување
На митинг во Охајо ги повика републиканците масовно да излезат на гласање.

Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Охајо порача дека Републиканската партија ја очекува „големо изненадување“ на конгресните избори во ноември.
„Мислам дека ќе имаме големо изненадување, бидејќи тие не знаат што се случува“, рече Трамп пред поддржувачите во Вандалија, во близина на Дејтон.
Тој ги повика републиканските гласачи да излезат на изборите и ги поддржа сенаторот Џон Хастед и републиканскиот кандидат за гувернер на Охајо Вивек Рамасвами. Изборите за Конгрес се закажани за 3 ноември 2026 година.
CATEGORIES Свет

