КРАЈ ЗА МАКИТЕ НА ВОЗАЧИТЕ Наскоро почнува реконструкцијата на патот преку Валандовско Брдо

Оштетен коловоз и комплициран терен – патниот правец преку Валандовско Брдо наскоро ќе добие целосна реконструкција.

КРАЈ ЗА МАКИТЕ НА ВОЗАЧИТЕ Наскоро почнува реконструкцијата на патот преку Валандовско Брдо
Фото: Принтскрин

Целосна реконструкција на патот Валандово-Струмица ќе започне во најскоро време, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Станува збор за патниот правец кој поминува преку Валандовско Брдо, а кој во моментов е во лоша состојба, со оштетен коловоз и сложени теренски услови.

Николоски информираше дека веќе е извршен увид на терен од страна на екипи на Јавното претпријатие за државни патишта, направено е снимање на состојбата и изработен е проект за реконструкција.

„Екипи на Јавното претпријатие за државни патишта извршија увид, ја скенираа состојбата, направивме проект и очекувам во најскоро време да излезе повикот со кој треба да се избере изведувач кој ќе направи целосна реконструкција на овој пат“, истакна Николоски.

Со реконструкцијата се очекува да се подобри безбедноста и квалитетот на патувањето на овој патен правец, кој претставува важна врска меѓу Валандово и Струмица.

CATEGORIES
Share This