НАЈАВА КОЈА ЌЕ ГИ ИЗРАДУВА ВОЗАЧИТЕ Поевтинување на дизелот до 6,5 денари
нализите на владата базирани на движењата на светските берзи.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените на горивата и значително поевтинување на дизелот за околу 6 до 6,5 денари по литар. Според него, Македонија и понатаму ќе остане меѓу државите со најниски цени на горивата во регионот.
Тој објасни дека прогнозите се базираат на анализа на движењата на светските берзи во изминатите две недели, како и на ценовните трендови од втората половина на мај.
„Очекуваме постепена стабилизација и на домашниот пазар. Повластената стапка за бензините од 10 проценти ќе се врати на 18 проценти, додека кај акцизите останува намалувањето од два денари по литар за дизел и за безоловните бензини од 95 и 98 октани“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека Владата преговара со компанијата „Окта“ за дополнителни попусти во првата половина од јуни, што би можело дополнително да влијае на цените.
Според неговите пресметки, бензините би останале на исто ниво или би поскапеле за околу половина денар, додека дизелот би можел да поевтини значително.
„Ако сите мерки се реализираат, дизелот би поевтинил за 6 до 6,5 денари по литар. Нашите анализи го покажуваат тоа, но конечната одлука ја носи регулаторното тело“, нагласи премиерот.
Мицкоски истакна дека изминатите три месеци биле динамични, но дека снабдувањето со горива останало стабилно, без ограничувања за граѓаните, и покрај зголемената побарувачка на одредени периоди.
Тој повтори дека владата останува посветена на одржување на ниски цени и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
