МВР УДРИ ПО НЕСОВЕСНИТЕ ВОЗАЧИ Неверојатни бројки, за еден месец изречени речиси 17.000 казни

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период.

МВР УДРИ ПО НЕСОВЕСНИТЕ ВОЗАЧИ Неверојатни бројки, за еден месец изречени речиси 17.000 казни
Фото: Принтскрин

Во текот на изминатиот месец, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи спровеле интензивни сообраќајни контроли на патиштата низ државата, при што биле изречени вкупно 16.885 санкции, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најголем број од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, за што биле санкционирани 4.473 возачи. Следуваат непрописното паркирање со 3.851 казна и користењето мобилен телефон при управување со возило, поради што биле казнети 920 возачи.

Според МВР, за кривичното дело „безобѕирно управување моторно возило“ од член 297-а од Кривичниот законик, санкционирани се 70 возачи кои управувале под дејство на алкохол, 241 лице возеле без возачка дозвола, а 33 возачи управувале возило и покрај претходно изречена забрана. Во истиот период биле одземени и 238 возила согласно член 300-б од Кривичниот законик.

Контролите опфатиле и други категории учесници во сообраќајот. За неносење заштитен шлем биле санкционирани 1.281 мотоциклист, додека 295 пешаци добиле казни за сторени прекршоци. Дополнително, 1.584 учесници во сообраќајот биле казнети поради некористење сигурносен појас.

Согласно Законот за возила, од сообраќај биле исклучени 240 нерегистрирани возила и 83 возила поради техничка неисправност. Исто така, санкционирани биле 55 возачи поради непочитување на прописите за затемнување на стаклата на возилата.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на прекршоци на патиштат

CATEGORIES
TAGS
Share This