МОРА ДА БИДЕМЕ СПРЕМНИ ЗА ВОЈНА Берлин со драстичен потег што ја менува армијата

Германија воведува задолжителна обука за воени резервисти, План за зголемување на резервните сили на 200.000 војници

МОРА ДА БИДЕМЕ СПРЕМНИ ЗА ВОЈНА Берлин со драстичен потег што ја менува армијата
Фото: Принтскрин

Германската влада денес одобри нацрт-закон со кој се предвидува задолжително повикување на воени резервисти на обука, како дел од поширок план за зајакнување на одбранбените капацитети на земјата.

Според планот, Германија има намера да го зголеми бројот на резервните сили на најмалку 200.000 војници до средината на следната деценија, додека целта за активната армија изнесува околу 260.000 војници, јавува Ројтерс.

Министерот за одбрана Борис Писториус повеќепати предупреди дека Германија мора да биде подготвена за можни безбедносни закани и да ја подобри способноста за брза мобилизација во случај на голем конфликт на европско тло.

Во Министерството за одбрана оценуваат дека досегашниот модел базиран на доброволно приклучување во армијата повеќе не е доволен, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба во Европа.

Бундестагот се очекува да го разгледа нацрт-законот по летната пауза, а доколку биде усвоен, неговото стапување во сила се очекува на почетокот на следната година.

CATEGORIES
Share This