МИЦКОСКИ СО ЧЕСТИТКА ЗА 8 СЕПТЕМВРИ Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо
Премиерот објави видео со кадри од Скопје, Охрид, Струга, Крушево и други природни и културно-историски места низ земјава..

Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски со видео објавено на својот Фејсбук-профил го честиташе 8 Септември – Денот на независноста на Македонија.
Во видеото се прикажани препознатливи мотиви од главниот град, меѓу кои центарот на Скопје, реката Вардар и Скопското Кале, но и природни и културно-историски знаменитости од различни делови на земјава. Меѓу нив се Козјак, Охрид, Струга, Крушево и други места.
„Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“, напиша Мицкоски во објавата по повод државниот празник.
CATEGORIES Македонија

