МИЦКОСКИ НАЈАВИ Почнува реализацијата на проектот за 100 нови амбулантни возила

Новите амбулантни возила треба да ги зајакнат капацитетите на итната медицинска помош и да придонесат за побрза и поефикасна здравствена заштита на граѓаните.

МИЦКОСКИ НАЈАВИ Почнува реализацијата на проектот за 100 нови амбулантни возила
Фото: Принтскрин

Почнува реализацијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила за потребите на македонското здравство, соопшти премиерот Христијан Мицкоски преку својот фејсбук-профил.

„Од денес достапни за граѓаните. Почнува реализацијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила во македонското здравство“, објави Мицкоски.

Како што е најавено, премиерот денеска ќе присуствува на официјалната промоција на проектот, која ќе се одржи на паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Со реализацијата на проектот се очекува модернизација на возниот парк на здравствените установи и подобрување на условите за итен медицински транспорт низ државата.

CATEGORIES
Share This