МИЦКОСКИ ДИРЕКТНО – Нема повеќе дипломатија за жолтици

Евроинтеграциите остануваат приоритет, но со нов пристап.

МИЦКОСКИ ДИРЕКТНО – Нема повеќе дипломатија за жолтици
Фото: Принтскрин

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во изјава за Телевизија Канал 5 појасни дека неговото интервју за бугарска телевизија е снимено пред повеќе од седум недели. Тој нагласи дека Северна Македонија бележи напредок во реформите и дека земјата има дополнителен рок до јуни за исполнување на обврските од реформската агенда.

Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата нема да практикува, како што рече, „дипломатија за пари“, туку ќе се фокусира на стабилна и принципиелна политика со поддршка од граѓаните.

Тој истакна дека нема да влегува во одлуки без јасен и позитивен исход за граѓаните, додавајќи дека актуелната власт постепено ги коригира, како што оцени, грешките од претходното владеење. Мицкоски ја критикуваше претходната евроинтегративна политика, оценувајќи дека земјата заостанала во регионот и дека биле дадени нереални ветувања.

Премиерот потенцираше дека Владата ќе продолжи со внимателен пристап кон евроинтеграциите и ќе работи на зајакнување на позицијата на државата, нагласувајќи дека поддршката од граѓаните е клучна за спроведување на таквата политика.

CATEGORIES
Share This