МЕГА ИНТЕРЕС ЗА ДЕРБИТО – Сите карти распродадени за само 15 минути
Навивачите ги разграбија билетите за дербито што може да ја реши трката за титулата.

Фото: Принтскрин
Во среда Битола ќе биде домаќин на едно од најголемите ракометни дербија – Еурофарм Пелистер против Вардар. Натпреварот носи огромно значење, бидејќи се среќаваат актуелниот шампион и моменталниот лидер на табелата, во дуел што директно може да влијае во битката за титулата.
Организаторот Еурофарм Пелистер вчера соопшти дека денес во 12 часот ќе започне продажбата на влезници. Но, само по петнаесет минути од почетокот, клубот објави дека билетите се целосно распродадени.
Покрај домашната навивачка група „Чкембари“, најавено е и присуство на „Комитите“ од Скопје. Дербито ќе се игра во среда, со почеток од 18:00 часот.
CATEGORIES Ракомет


