МАРСЕЈ СО НАЈСКАПИОТ ТРАНСФЕР ВО КЛУПСКАТА ИСТОРИЈА Бразилецот Игор Паишао потпиша за 35 милиони евра

МАРСЕЈ СО НАЈСКАПИОТ ТРАНСФЕР ВО КЛУПСКАТА ИСТОРИЈА Бразилецот Игор Паишао потпиша за 35 милиони евра

Францускиот великан го донесе Паишао од холандскиот Феенорд за сума од 35 милиони евра (30 милиони плус бонуси), со што беше урнат досегашниот трансфер-рекорд на клубот од југот на Франција.

Паишао пристигнува на „Велодром“ по три одлични сезони во Ротердам, каде што освои една титула во холандската Ередивизија. Особено импресивен беше во минатата сезона, кога забележа 18 голови и 14 асистенции во 47 натпревари во сите натпреварувања, а неговите настапи во Лигата на шампионите го привлече вниманието на многу европски клубови.

Иако и Лидс Јунајтед покажа сериозен интерес, Паишао сепак ја избра понудата од Олимпик Марсеј за продолжување на својата кариера.

CATEGORIES
Share This