МАРОКО НА ЧЕКОР ОД НОВО ЧУДО Французите под притисок пред големата пресметка

Франција ја има фаворитската улога, но Мароко веќе покажа дека може да приреди големи изненадувања на најголемата фудбалска сцена.

МАРОКО НА ЧЕКОР ОД НОВО ЧУДО Французите под притисок пред големата пресметка
Фото: Принтскрин

Светското првенство во фудбал влегува во завршната фаза, а до крајот остануваат уште осум натпревари. Четвртфиналната рунда започнува денеска со дуелот меѓу Франција и Мароко во Бостон. Франција, шампионот од Мундијалот во 2018 година, ја има фаворитската улога, но Мароко веќе покажа дека може да приреди големо изненадување и се смета за еден од најопасните аутсајдери на турнирот. Натпреварот започнува во 22 часот.

Победникот од оваа пресметка во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од утрешниот четвртфинален дуел меѓу Шпанија и Белгија, кој ќе се одигра во Лос Анџелес.

Вториот дел од ждрепката носи уште едно европско дерби и во Мајами ќе играат Норвешка и Англија. Победникот од овој натпревар ќе се пласира во полуфинале против подобриот од дуелот меѓу Аргентина и Швајцарија.

Во борбата за трофејот останаа осум селекции: шест европски репрезентации, актуелниот светски шампион Аргентина и Мароко, кој е единствениот претставник на Африка.

Полуфиналните натпревари се закажани за 14 и 15 јули, мечот за третото место ќе се игра на 18 јули, додека големото финале е предвидено за 19 јули на стадионот во Њу Џерси.

(ВИДЕО) ИНФАНТИНО МОЛЧИ ЗА СКАНДАЛИТЕ НА СП, ПА ГИ БРАНИ СУДИИТЕ Без нив нема фудбал

CATEGORIES
Share This