МАРИН ЛЕ ПЕН НЕ СЕ ПОВЛЕКУВА – Најави кандидатура и по пресудата
Француската политичарка потврди дека нема да се повлече од претседателската трка.

Шефицата на пратеничката група на крајно десничарската партија Национален собир (НР) во францускиот парламент, Марин Ле Пен, потврди дека планира да се кандидира на претстојните претседателски избори, пренесуваат француските медиуми.
„Секако дека планирам да се кандидирам на претседателските избори. Реков дека нема да се кандидирам само ако судскиот систем ме спречи во тоа“, изјави Ле Пен во интервју за RTL.
Таа додава дека ќе се трка за претседателската функција дури и доколку добие условна казна, објави BFM TV.
Апелациониот суд во Париз треба да одлучи за жалбата во случајот поврзан со асистентите на европратениците од НР на 7 јули.
Јавното обвинителство побара забрана Ле Пен пет години да извршува јавна функција, четиригодишна затворска казна (од кои три години условно), можност за издржување на неусловниот дел во домашен притвор со електронска нараквица и парична казна од 100.000 евра.
Судот претходно ја прогласи Марин Ле Пен за виновна за воспоставување „корумпиран систем“ во периодот од 2004 до 2016 година и за злоупотреба на средства што Европскиот парламент ги исплаќал за асистенти на пратениците во Брисел и Стразбур.
