МАЛА ДРЖАВА, ГОЛЕМИ УМОВИ – Македонските ученици повторно на врвот

Континуитет на успеси и македонските ученици повторно покажуваат врвно знаење и посветеност

МАЛА ДРЖАВА, ГОЛЕМИ УМОВИ – Македонските ученици повторно на врвот
Фото: Принтскрин

Македонските ученици повторно постигнаа значаен успех на меѓународната сцена, носејќи ново признание за државата со своите извонредни резултати во областа на математиката и економијата. Тие уште еднаш докажаа дека поседуваат знаење, посветеност и конкурентност на ниво со врсниците од целиот свет.

На Балканската математичка олимпијада, која се одржа во Солун, Дамјан Давков освои златен медал, додека Ивано Божиновски и Андреј Тасиќ се закитија со бронзени одличја. Во составот на македонскиот тим настапија и Марко Митевски, Леонид Тодороски и Валентино Атанасоски, кои исто така придонесоа за успешниот настап на земјата.

Учеството на олимпијадата беше организирано од Сојузот на математичарите на Македонија, научно здружение задолжено за националните натпревари и акредитирано за учество и организација на меѓународни математички натпревари.

Паралелно, на Природно-математичкиот факултет се одржа и четвртата Македонска економска олимпијада, на која беа избрани учениците што ќе ја претставуваат земјата на Интернационалната економска олимпијада во Кина.

Македонскиот тим во економија го сочинуваат Стефан Младеновски од Гевгелија, Теа Ангелова, Оливера Џамбазова и Ванеса Томова од Скопје, како и Георги Јаковлев од Струга.

CATEGORIES
TAGS
Share This