МАКЕДОНИЈА СЕ ВЖЕШТУВА До 38°C, а Повардарието со засилен ветер
Сончево и многу топло време низ земјава, со мала до умерена облачност и повремено засилен ветер долж Повардарието.

Фото: Национал
Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од 9 до 38 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, повремено ќе засилува.
Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
CATEGORIES Македонија

