МАДОНА ОСТАНА БЕЗ СКАПА ГАРДЕРОБА – Нуди награда за враќање

Мадона по анстапот на Коачела порача дека облеката има емотивна и историска вредност

МАДОНА ОСТАНА БЕЗ СКАПА ГАРДЕРОБА – Нуди награда за враќање
Фото: Принтскрин

Мадона понуди награда за враќање на неколку парчиња облека кои исчезнале по нејзиниот настап на фестивалот Коачела.

Поп-легендата соопшти дека недостасуваат јакна, корсет, фустан и уште неколку модни парчиња од нејзината сценска гардероба. На Инстаграм таа напиша дека бара тие „безбедно да ѝ бидат вратени“.

Во објавите се гледаат фотографии од нејзините впечатливи комбинации во розови и лаванда тонови.

„Ова не е само облека, туку дел од мојата историја“, порача Мадона.

Таа изрази надеж дека предметите ќе бидат пронајдени и вратени.

Мадона настапи изненадно во петокот на Коачела во Калифорнија, заедно со Сабрина Карпентер, каде ја изведоа нејзината позната песна „Like a Prayer“.

Мадона првпат се појави на фестивалот во 2006 година, а повторно како гостинка настапи и во 2015 година.

Пејачката неодамна најави и нов албум, прв по околу седум години, со наслов „Confessions on a Dance Floor: Part II“, кој треба да излезе на 3 јули.

CATEGORIES
Share This