ЛУКСУЗЕН РЕМОНТ ВО БЕЛАТА КУЌА: Речиси милијарда долари за „модернизација“, Конгресот заобиколен
Администрацијата обезбедила средства преку федерални трансфери и приватни донации, додека за проектите не побарала директно одобрение од Конгресот.

Фото: Принтскрин
Според весникот, администрацијата обезбедила средства преку трансфери од федерални агенции и приватни донации, наместо да побара директно одобрение за финансирање од Конгресот. Средствата биле префрлени на сметката на извршната резиденција на Белата куќа, наменета за поправки и реставрација, а се користат за проекти кои администрацијата ги претставува како „проекти за модернизација“.
Меѓу планираните зафати се изградба на балска сала во Источното крило, уредување на плоштадот Лафајет, изградба на хелиодром, нов центар за безбедносна проверка на посетителите и други инфраструктурни подобрувања. Според проценките, вкупната вредност на овие проекти достигнува најмалку 927 милиони долари.
CATEGORIES Македонија

