ЛУКАШЕНКО: Јас сум трампист, иако често го критикувам Трамп

Белорускиот лидер вели дека го поддржал Трамп, но го критикува за неговите постапки: „Едно кажува наутро, друго навечер“

ЛУКАШЕНКО: Јас сум трампист, иако често го критикувам Трамп
Фото: Принтскрин

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека се смета себеси за „трампист“, иако, како што рече, повремено отворено го критикува американскиот претседател Доналд Трамп.

„Како што често велам, јас сум трампист. Го поддржав Трамп и сигурен сум дека многумина од вас го поддржаа на изборите“, изјави Лукашенко.

Тој ова го изјави на состанокот со шефовите на владините делегации кои учествуваат на Евроазискиот меѓувладин совет во Минск, пренесе „БелТА“.

Лукашенко нагласи дека не се воздржува од критики кон американскиот претседател, вклучително и за време на разговорите со американски претставници, каде што, како што рече, директно го изнесува својот став.

Тој сепак му се заблагодари на Трамп за, според него, „разоткривањето на западната политика, особено американската“.

„И покрај вревата што често доаѓа од Трамп и едно кажува наутро, друго навечер јас сум му благодарен што отворено ја разоткри политиката на Западот, а пред сè на САД“, рече Лукашенко.

Белорускиот претседател додаде дека Трамп не се крие зад дипломатскиот јазик.

„Го видовме вистинското лице на западната политика, западната дипломатија и пред сè на САД. Врз основа на тоа, гледајќи ја нивната политика, можете да извлечете сопствени заклучоци“, порача Лукашенко.

CATEGORIES
TAGS
Share This