ЛИДЕРИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ КАНДИДАТИ, МЕЃУ КОИ И МИЦКОСКИ, НА САМИТ ВО БРИСЕЛ Ќе има ли проширување или стагнација?
Ќе се разгледа реалноста на целта за проширување до 2030 година и последиците за демократијата, економијата и стратешката автономија на Европа.

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Брисел ќе учествува на Самитот за проширување на Европската Унија, организиран од „Еуроњуз“. Настанот ги обединува лидерите на ЕУ и земјите кандидати за членство за дебата за иднината на европската интеграција.
Главната тема е прашањето дали Унијата ќе се прошири и ќе се развива или ќе ризикува стагнација. Ќе се разгледа реалноста на целта за проширување до 2030 година и последиците за демократијата, економијата и стратешката автономија на Европа.
На Самитот, покрај Мицкоски, ќе учествуваат и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателите на Молдавија, Србија и Украина – Маја Санду, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, премиерите на Албанија и Црна Гора – Еди Рама и Милојко Спајиќ, како и еврокомесарката за проширување Марта Кос и европратениците Дејвид Мекалистер и Марк Ботенга.


