ЛАВРОВ ЗБОРУВА ЗА БРАТСКИ НАРОДИ СО ИСТА КРВ , ИСТОРИЈА, КУЛТУРА – Но, во реалноста се испотепаа меѓу себе
Приказна за единство што постепено се претвори во поделба.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека во 2014 година тогашниот украински претседател Володимир Зеленски повикал жителите на Донбас да имаат право слободно да го користат рускиот јазик.
Според Лавров, Русија и Украина се „братски народи“ со заедничка историја, култура и корени, и тој тврди дека ако населението во источна Украина сака да зборува руски, тоа треба да биде дозволено и законски заштитено.
Тој додаде дека во Украина рускиот јазик е формално заштитен со Уставот, но дека, како што наведува, во пракса се носат закони кои ја ограничуваат неговата употреба во медиумите, образованието и јавниот живот.
Лавров се осврна и на политичките промени во Украина по 2014 година, тврдејќи дека тогашните власти започнале со намалување на влијанието на советската и руската културна и историска традиција. Според него, законот од 2019 година за украинскиот јазик го зацврстил неговиот статус како единствен државен јазик и ја проширил неговата употреба во сите области на општеството.
Тој исто така го спомена и законот за национални малцинства од 2023 година, за кој вели дека бил донесен за усогласување со барањата на Европската комисија и дека воведува различни правила за употреба на јазиците на малцинствата, вклучително и рускиот.
