ЛАВРОВ СО СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЕВРОПА Внимателно проучете ја руската воена доктрина
Москва реагира на плановите на Полска за производство на ракети „Патриот“ и на сè поголемата воена вклученост на Европа во конфликтот во Украина.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров упати предупредување во врска со воената политика на европските земји, повикувајќи ги внимателно да ја проучат руската воена доктрина.
Лавров ги коментираше плановите на Полска за производство на ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, како и степенот на европската вклученост во конфликтот во Украина.
„Имаме воена доктрина за ова прашање, која претседателот Владимир Путин ја спомена неколку пати. Ве поканувам внимателно да го проучите релевантниот дел од овој клучен документ“, изјави Лавров.
Тој ова го изјави пред новинарите на маргините на 23-от годишен состанок на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдај“, пренесува ТАСС.
Изјавата на Лавров следува откако полската заменик-министерка за одбрана Магдалена Собковијак-Царнецка изјави дека Полска е подготвена да изгради фабрика за производство на ракети за системите „Патриот“ на своја територија.
Според неа, тоа би било можно доколку Соединетите Американски Држави ѝ дадат на Украина лиценца за производство на овие ракети.
Изјавите доаѓаат во период на зголемено внимание кон воената поддршка за Украина и улогата на европските држави во конфликтот.
МОСКВА ГО ВКЛУЧИ АЛАРМОТ Лавров со жестока порака – Целиот Запад се сврте против Русија

