ГЕРМАНИЈА СО ОСТРА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА Најголемата закана за Европа доаѓа од Москва
За време на посетата на Словачка, германскиот министер за надворешни работи оцени дека рускиот империјализам претставува најголема опасност за слободата на Европа

Фото: Принтскрин
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска, за време на посетата на Словачка, изјави дека рускиот империјализам претставува најголема закана за Европа.
На средбата со словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар, Вадефул порача дека најголемата опасност за европскиот континент, според него, доаѓа од Москва.
„Најголемата закана за слободата на нашиот континент доаѓа од Москва. Најголемата опасност за Европа е воинствениот империјализам на Путин“, рече Вадефул, пренесува „Ројтерс“.
Германскиот министер додаде дека доведувањето во прашање на ваквата проценка, како што оцени, не би било само израз на недостиг на солидарност, туку и неодговорен став.
CATEGORIES Свет

