ЛАВРОВ СО ПОРАКА ДО ОН Русија ги турка Индија и Бразил за моќна позиција

Москва бара реформа на Советот за безбедност и поголемо влијание за Азија, Африка и Латинска Америка.

ЛАВРОВ СО ПОРАКА ДО ОН Русија ги турка Индија и Бразил за моќна позиција
Фото: Принтскрин

Русија ги поддржува кандидатурите на Индија и Бразил за постојано членство во Советот за безбедност на Обединетите нации, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Говорејќи пред Генералното собрание на ОН, Лавров порача дека реформата на Советот за безбедност треба да обезбеди поголема застапеност на Азија, Африка и Латинска Америка.

„Нашата принципиелна позиција е дека реформата не може да значи доделување дополнителни места на западните земји, особено Германија и Јапонија“, рече Лавров, според „Хинду“.

Тој ги обвини Германија и Јапонија дека се движат кон „милитаризам и реваншизам“, додека Москва, како што истакна, се залага за проширување на составот на Советот со поголема застапеност на земјите од Азија, Африка и Латинска Америка.

ЛАВРОВ ДО САД Ослободете го Мадуро

CATEGORIES
Share This