(ВИДЕО) КУПУВАЊЕ ОЦЕНКИ, КОРУПЦИЈА, СТИПЕНДИИ ЗА ДЕЦА НА ПРОФЕСОРИ И ПАРТИСКИ ВРСКИ Илиевски открива што се случува на македонските универзитети!

Сомнежи за оценки за пари, условувања со учебници и партиски вработувања - пензионираниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски предупредува дека случајот во Штип не е изолиран.

(ВИДЕО) КУПУВАЊЕ ОЦЕНКИ, КОРУПЦИЈА, СТИПЕНДИИ ЗА ДЕЦА НА ПРОФЕСОРИ И ПАРТИСКИ ВРСКИ Илиевски открива што се случува на македонските универзитети!
Фото: Принтскрин

Пензионираниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски предупредува дека случајот со сомнежите за продажба на оценки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип не е изолиран и дека корупцијата во високото образование има повеќе облици, од директно поткупување до непотизам при вработување.

Случајот со раководителот на ИТ секторот на универзитетот, кој е осомничен за размена на резултати од испити и оценки за пари, повторно ја отвори дебатата за довербата во дипломите и квалитетот на образованието.

Во гостувањето во емисијата „Став на регионот“ на Newsmax Balkans, Илиевски оцени дека станува збор за сериозен скандал и побара суспензија на осомничениот, но предупреди дека не треба да се верува оти во евентуалната шема немало и други инволвирани лица. Тој потсети и на случајот со професорка од Медицинскиот факултет во Штип, уапсена во јуни 2026 година под сомнение дека побарала пари од студентка од Турција за положена оценка.

Според Илиевски, проблемите не завршуваат со купувањето оценки. Студентите се соочуваат и со условувања преку купување учебници, недостапност на професорите и партиски и пријателски врски при вработувањата. Тој посочува и на нефункционалноста на просветната инспекција, недостигот од инспектори и разочарувањето кај младите, кои сè почесто својата иднина ја гледаат надвор од државата, особено во Словенија.

Како дополнителни показатели за состојбата во образованието ги наведува лошите резултати на PISA тестирањата и ниското рангирање на македонските универзитети. Илиевски смета дека без системски промени и поинаков однос на професорите кон студентите, кои треба да бидат третирани како партнери во образовниот процес, тешко може да се врати довербата во образованието.

Погледнете го целосното гостување и што открива Ѓорѓи Илиевски за состојбите во македонското образование.

CATEGORIES
TAGS
Share This