ЕКСПЕРТСКИ ИЗВЕШТАЈ Откриено чиј дрон ја урна зградата во Галаци

Финалниот извештај на експертите ја открива потеклото на дронот што падна во Романија

ЕКСПЕРТСКИ ИЗВЕШТАЈ Откриено чиј дрон ја урна зградата во Галаци
Фото: Принтскрин

Финалниот технички извештај на романските експерти утврдил дека дронот што ноќта на 29 мај се урна во станбена зграда во градот Галаци бил од типот руски „Геран-2“, пренесува Инсајдер, повикувајќи се на изјава на романскиот претседател Никушор Дан, објавена од Укринформ.

Според Дан, заклучокот е донесен врз основа на повеќе технички докази. На пронајдените остатоци бил забележан натпис „ГЕРАН-2“ на кирилица, а анализата покажала дека електронските компоненти, навигациските системи, контролните модули, моторот и структурните делови се идентични или речиси идентични со оние на претходно пронајдени дронови од истиот тип.

Дополнително, истражувањето утврдило и совпаѓање во производствените ознаки, користените материјали и видот на горивото.

„Фактот дека ваков уред погодил станбена зграда во Романија, предизвикувајќи повреди и материјална штета, е исклучително сериозен и за тоа одговорноста ја сноси исклучиво Русија“, изјави Дан.

Тој додаде дека резултатите од истрагата ќе бидат доставени до сојузниците на Романија, како и до надлежните структури на НАТО и Европската Унија.

CATEGORIES
Share This