КРАЈ НА ПРАЗНИЧНИОТ ПОНЕДЕЛНИК Комората на Азески бара помалку неработни денови

Стопанската комора најавува измени на Законот за празниците – не се укинуваат празниците, туку се менува правото на користење на неработни денови.

КРАЈ НА ПРАЗНИЧНИОТ ПОНЕДЕЛНИК Комората на Азески бара помалку неработни денови
Фото: Принтскрин

Стопанската комора на Македонија наскоро ќе достави до Министерството за економија и труд предлог-измени на Законот за празниците, со кои бројот на неработни денови индиректно би се намалил на 13.

Со предложените измени, празниците што се паѓаат во недела повеќе не би се префрлале како неработен ден во понеделник.

Проектниот менаџер во Стопанската комора, Анета Димовска, појасни дека предлогот не значи укинување на конкретни празници, туку ревидирање на правата што произлегуваат од нив.

„Нашиот предлог нема да е бришење или укинување на конкретни празници, туку ревидирање на правата кои произлегуваат од вака дефинирани празници“, изјави Димовска.

Според неа, актуелниот систем може да создава нееднаквост меѓу граѓаните од различни верски и етнички групи, бидејќи бројот на неработни денови не е ист.

Димовска посочи дека, според сегашниот модел, припадниците на српската и влашката етничка заедница кои се православни можат да имаат поголем број неработни денови во однос на припадници на други верски заедници.

Како пример ја наведе и прославата на Свети Сава, кој во Македонија е неработен ден за припадниците на српската етничка заедница, додека во Србија самиот празник не е прогласен за неработен ден.

Од Комората очекуваат предлогот да отвори поширока дискусија за начинот на кој се утврдуваат и користат неработните денови во земјата.

CATEGORIES
TAGS
Share This