КОИ ПОРТАЛИ ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО НОВИОТ РЕГИСТАР Нови заострени законски услови за постоењето на интернет портали

Законските измени предвидуваат дејноста медиум, освен традиционалните медиуми - радија, телевизии и весници, како што беше досега, ќе ја вршат и интернет портали

КОИ ПОРТАЛИ ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО НОВИОТ РЕГИСТАР Нови заострени законски услови за постоењето на интернет портали

Пред два дена (8 април) измените на Законот за медиуми  поминаа во прво читање на собраниска седница. Измените предвидуваат услови кои портали ќе влезат во новиот регистар на медиуми што се води кај Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуги.

Законските измени предвидуваат дејноста медиум, освен традиционалните медиуми – радија, телевизии и весници, како што беше досега, ќе ја вршат и интернет портали. Тие треба дејноста да ја имаат впишано во Централниот регистар, да имаат седиште и уредништво во Македонија и на свое име да имаат регистрирано македонски – мк или мкд домен, и да имаат најмалку тројца вработени со полно работно време.

CATEGORIES
Share This