КОЈ ГО КОЧИ ЗАКОНОТ ЗА ДОНАЦИИ 140 организации бараат итна реакција од Министерството за правда

140 граѓански организации бараат продолжување на процесот, додека измените на законот се во застој.

КОЈ ГО КОЧИ ЗАКОНОТ ЗА ДОНАЦИИ 140 организации бараат итна реакција од Министерството за правда
Фото: Принтскрин

Во Скопје денеска ќе се одржи јавна расправа за Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, во рамки на проектот „Промени за одржливост“.

Во фокусот на расправата ќе биде иницијативата на 140 граѓански организации до Министерството за правда за продолжување и финализирање на процесот на измени на законот. Од граѓанскиот сектор оценуваат дека од завршувањето на овој процес во значителна мера ќе зависат идните услови за донирање, развојот на филантропијата и финансиската одржливост на граѓанските организации.

На јавната расправа се очекува учество на надлежни министри, претставници на релевантните институции, граѓански организации и деловниот сектор.

Учесниците ќе разговараат за причините поради кои процесот на законски измени е во застој, потребните промени во законската регулатива, како и за влијанието на новиот систем за е-фактура врз процесот на донирање.

Настанот се организира во рамки на проектот „Промени за одржливост“, кој го спроведува здружението „Конект“ во партнерство со Младинската асоцијација ИМКА Битола.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку „Цивика мобилитас“.

CATEGORIES
Share This