КАТАСТРОФА ИЗБЕГНАТА ЗА ВЛАКНО Пожарот во Зелениково сопрен на неколку метри од куќите
Жителите, градоначалникот и пожарникарите реагирале веднаш по полноќ и спречиле огнената стихија да стигне до домовите.

Ноќва околу 2 часот по полноќ избил пожар на отворен простор, веднаш над последните куќи во Зелениково. Благодарение на брзата реакција на локалното население, градоначалникот на Општина Зелениково и пожарникарите, огнот бил ставен под контрола на само неколку метри од домовите.
Во меѓувреме, за пожарот бил известен и градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, кој веднаш го активирал општинското противпожарно возило и се упатил кон куќите. Истовремено пристигнале и припадници на доброволното противпожарно друштво од Зелениково, кои започнале со гасење на огнот.
Значајна улога имале и самите жители од последните куќи. Тие претходно презеле превентивни мерки, прскајќи со вода и отстранувајќи дел од критичните грмушки и дрвја, со што помогнале да се забави ширењето на пожарот.
Благодарение на заедничката интервенција, огнената стихија била запрена пред да стигне до куќите.

