НА БОГОРОДИЦА СЕ ЧЕКА 1 ЧАС Изменет режим на сообраќај од утре

Зголемена фреквенција на патиштата, АМСМ апелира на внимателно возење поради можни одрони, а кај „Преод“ следуваат градежни работи до 1 октомври.

НА БОГОРОДИЦА СЕ ЧЕКА 1 ЧАС Изменет режим на сообраќај од утре
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но со зголемена фреквенција надвор од градските средини. На ГП Богородица се чека околу 1 час за излез од државата, додека на ГП Табановце задржувањето е околу 30 минути.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците каде постои можност од одрони, меѓу кои Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Од 17 август до 1 октомври ќе има изменет режим на сообраќај кај наплатната станица „Преод“, поради градежни работи на автопатот А4 на делницата Миладиновци–Свети Николе–Штип.

Воедно, патниот правец Охрид–Ресен преку Галичица е отворен за сообраќај за возила со тежина до 3,5 тони.

 

CATEGORIES
Share This