КАНАДА ГО ПРЕЖИВЕА РЕФЕРЕНДУМОТ Алберта ѝ кажа „НЕ“ на независноста
Историското изјаснување донесе политичка победа за премиерот Марк Карни во време на трговски тензии со САД.

Жителите на канадската покраина Алберта се изјаснија за останување во составот на Канада на првиот референдум за отцепување во историјата на покраината, објави CBC News.
Резултатот претставува значајно политичко охрабрување за канадскиот премиер Марк Карни, кој настојува да го зачува националното единство во период на зголемени економски и политички тензии со Соединетите Американски Држави.
Референдумот имаше необврзувачки карактер, а граѓаните одлучуваа дали Алберта треба да остане дел од канадската федерација или да започне правна постапка што би овозможила одржување обврзувачки референдум за независност.
Со ваквиот исход, според објавените информации, засега се запира иницијативата за започнување формален процес на отцепување на Алберта од Канада.
ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ ЛИ КАНАДА Богатата со нафта Алберта го отвора прашањето за независност

