ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ ЛИ КАНАДА Богатата со нафта Алберта го отвора прашањето за независност

Додека Трамп ја притиска Канада со трговски мерки и изјави за нејзино припојување кон САД, во Алберта се отвора прашањето за иднината на покраината во канадската федерација.

ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ ЛИ КАНАДА Богатата со нафта Алберта го отвора прашањето за независност
Фото: Принтскрин

Гласачите во канадската покраина Алберта, позната по огромните нафтени богатства, денес треба да се изјаснат за започнување постапка што би можела да го отвори патот кон независност од Канада, пренесуваат канадските медиуми.

Гласањето се оценува како значаен тест за националното единство на Канада, особено во период кога трговската војна иницирана од американскиот претседател Доналд Трамп и неговите изјави за можноста Канада да стане 51-ва сојузна држава на САД предизвикаа силни реакции и го зајакнаа чувството на национална припадност кај Канаѓаните, наведува Асошиејтед прес.

Алберта има особено значење за канадската економија бидејќи на нејзина територија се наоѓа најголемиот дел од докажаните нафтени резерви на земјата, кои ја вбројуваат Канада меѓу државите со најголеми резерви на нафта во светот.

Граѓаните треба да одлучат дали покраината ќе го задржи сегашниот статус во рамките на канадската федерација или ќе започне правна постапка што во иднина би можела да резултира со референдум за отцепување.

Евентуалното започнување на таков процес би отворило сериозни политички, економски и уставни прашања за иднината на Канада.

АЛБЕРТА НА ЧЕКОР ДО ОТЦЕПУВАЊЕ – Канадскиот премиер алармира „опасен блеф“

CATEGORIES
TAGS
Share This