ИЗРАЕЛ СТАНУВА СОМНИЧАВ – Дали САД се повлекуваат од конфликтот со Иран?

Израелските власти оценуваат дека е малку веројатно САД да продолжат со воени операции против Иран.

ИЗРАЕЛ СТАНУВА СОМНИЧАВ – Дали САД се повлекуваат од конфликтот со Иран?
Фото: Принтскрин

Израелските власти оценуваат дека е малку веројатно САД повторно да започнат борбени операции против Иран, пренесуваат медиумите.

Според израелски извори, постојат сомнежи дека Доналд Трамп би можел да продолжи со воениот притисок врз Техеран, имајќи ги предвид внатрешнополитичките предизвици во САД и можните последици врз глобалната економија.

Израелската армија, како што се наведува, веќе разгледува повеќе можни сценарија за понатамошниот развој на ситуацијата, додека премиерот Бенјамин Нетанјаху одржува редовни вечерни состаноци посветени на кризата и идните чекори.

Дополнително, медиумите пишуваат дека комуникацијата меѓу Нетанјаху и американскиот претседател Трамп е ослабена, а постојат и наводи дека Трамп делумно го смета израелскиот премиер одговорен за ескалацијата на конфликтот со Иран.

Минатата недела САД еднострано го продолжија прекинот на огнот до завршување на преговорите за излез од кризата. Првично, примирјето било предвидено да трае две недели, по договорот објавен на 8 април од двете страни.

Сепак, последните рунди преговори не донесоа напредок. По тоа, Вашингтон воведе блокада на иранските пристаништа, најавувајќи дека мерките ќе бидат укинати дури по постигнување договор. Иран одговори со затворање на Хормутскиот теснец и прекин на нови контакти.

CATEGORIES
Share This