ИРАНСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА КРЕНА ТРЕВОГА Се трага по Барон Трамп, се споменува награда од 10 милиони долари
Шокантна триминутна репортажа прикажала наводни обиди за лоцирање на синот на Доналд Трамп и пробивање на безбедносниот круг околу него.

Иранската државна телевизија емитуваше контроверзен сегмент посветен на Барон Трамп, синот на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој се зборува за наводни напори за негово лоцирање и се споменува награда од дури 10 милиони долари.
Како што објави лондонскиот портал „Иран Интернешнл“, триминутната репортажа прикажала стилизирани графики со надзор, онлајн активности и луѓе од опкружувањето на Барон.
Во прилогот се прикажуваат различни локации и интернет-платформи, а се опишуваат и наводни обиди за мапирање на неговите социјални врски и за пробивање на безбедносните мерки на Тајната служба.
Најголемо внимание привлече завршницата на прилогот, во која нараторот споменува дека „многумина би биле спремни“ да прифатат награда од 10 милиони долари во рамки на напорите насочени кон Барон Трамп.
Репортажата предизвика внимание поради тоа што станува збор за малолетниот син на американскиот претседател и поради директното споменување на финансиска награда поврзана со неговото лоцирање.

