ПАШИНЈАН ОД МОСКВА КОН ЗАПАД Ќе бидам многу задоволен ако ја исфрлат Ерменија од ОДКБ

Ереван сè поблиску до целосен раздор со воениот сојуз, Москва засега вели дека нема добиено официјална најава за повлекување.

ПАШИНЈАН ОД МОСКВА КОН ЗАПАД Ќе бидам многу задоволен ако ја исфрлат Ерменија од ОДКБ
Фото: Принтскрин

Москва засега нема добиено официјална најава од Ереван за повлекување на Ерменија од Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ), изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој посочи дека Ерменија е слободна сама да одлучи дали ќе го напушти сојузот.

Песков потсети дека ерменските власти досега зборувале за замрзнато членство, но не и за конкретна намера за повлекување.

Во меѓувреме, ерменскиот премиер Никол Пашинјан порача дека ја поддржува можноста Ерменија да биде исклучена од ОДКБ. Презентирајќи ја владината програма за периодот 2026-2031 година во парламентот, тој рече дека Ереван нема намера да ја продлабочува соработката со организацијата во следните пет години.

Пашинјан изјави дека би бил „многу задоволен“ доколку ОДКБ одлучи да ја исклучи Ерменија, бидејќи на тој начин земјата би била ослободена од дилемата дали самата да се повлече од организацијата.

CATEGORIES
Share This