ИРАН СЕ ЗАКАНУВА, ТРАМП ИСПРАЌА ПОРАКА СО AI СЛИКИ – Дали светот оди повторно кон војна
Тензии меѓу Вашингтон и Техеран повторно се засилуваат со меѓусебни предупредувања.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави три слики создадени со помош на вештачка интелигенција, кои предизвикаа реакции во јавноста.
На две од нив тој е прикажан во вселенски брод со црвено копче, додека во позадина се гледаат експлозии на Земјата и во вселената. Третата слика прикажува вонземјанин во лисици, придружуван од Трамп.
Во меѓувреме, од Иран пристигнуваат остри закани, во кои се наведува дека американските воени бази во јужниот дел на Персискиот Залив би можеле да бидат „онеспособени“. Тој додаде и дека иранските поморски сили наводно го ограничиле движењето на бродови низ Хормутскиот теснец.
Иранските власти најавуваат создавање на „нов поредок“, додека Трамп претходно испрати пораки со предупредувачки тон кон Техеран, нагласувајќи дека времето за реакции е ограничено и дека последиците би можеле да бидат сериозни доколку не дојде до промена на курсот.
Пораките од двете страни доаѓаат во период на зголемени тензии и меѓусебни политички и безбедносни предупредувања.
