ПАНИКА ВО БЕЛАТА КУЌА – Пчелите го зазедо срцето на Вашингтон
Инцидентот го прекина нормалното функционирање на Белата куќа.

Посетителите и персоналот во Белата куќа беа изненадени кога голем рој пчели накратко го покри Северниот тревник, простор каде што обично се одржуваат свечени пречекувања и официјални настани.
Поради појавата на ројот, работата на новинарските екипи беше кратко прекината, а дел од вработените во паника се повлекоа кон Западното крило за да се засолнат.
Настанот траеше околу дваесет минути, по што пчелите се сместија на едно дрво во комплексот.
Подоцна беше утврдено дека ројот потекнува од пчеларникот на самата Белата куќа. Експертите објаснуваат дека роењето е природен процес во кој дел од пчелната заедница ја напушта кошницата во потрага по ново живеалиште.
Инцидентот се случи само неколку недели по информацијата дека бројот на кошници во Белата куќа е зголемен од две на четири.
Новите кошници се изработени во форма на минијатурни реплики на Белата куќа, а во нив неодамна имале можност да се запознаат и британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила за време на нивната официјална посета.
Пчелите од Белата куќа се користат и за опрашување на градините, а годишно произведуваат над 100 килограми мед, кој се користи во кујната и како дипломатски подарок за странски делегации.
Пчеларството во Белата куќа постои со години и беше значително проширено за време на администрацијата на Барак Обама, со поддршка од Мишел Обама, која често ја истакнуваше важноста на пчелите за екосистемот.
A massive swarm of bees descended on the White House grounds. pic.twitter.com/AASM8yJOk6
— Open Source Intel (@Osint613) May 15, 2026
