ДОСТА Е – Грин со остра порака, ако САД започне нова војна со Иран следи хаос дома

Поранешната конгресменка предупредува дека војна со Иран би можела да предизвика сериозна политичка нестабилност во САД

ДОСТА Е – Грин со остра порака, ако САД започне нова војна со Иран следи хаос дома
Фото: Принтскрин

Марџори Тејлор Грин, која се повлече од американскиот Конгрес по судир со Трамп, објави на платформата X дека САД би можеле да платат висока политичка цена доколку се вмешаат во нова војна на Блискиот Исток.

„Ако испратите американски трупи во Иран, ќе има политичка револуција во Америка. ДОСТА Е. Рековме крај на странските војни и мислевме сериозно. Коалицијата ќе се обедини и ќе биде незапирлива. Јас ќе се погрижам за тоа. Запрете ја оваа војна. Глупаво е“ – напиша таа.

Таа го критикуваше Трамп и за неговото справување со документите поврзани со Епштајн.

Нејзината изјава доаѓа во период кога, според медиумски извештаи, САД и Израел се подготвуваат за можни нови напади врз Иран, во најинтензивни воени подготовки од потпишувањето на прекинот на огнот минатиот месец.

Трамп вчера порача дека „часовникот отчукува“ за Иран, додека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се чини дека се во застој.

„За Иран, часовникот отчукува и подобро е да реагираат брзо, или нема да им остане ништо. ВРЕМЕТО Е КЛУЧНО“ – изјави Трамп на платформата Truth Social.

Грин важи за една од највлијателните личности во рамките на движењето MAGA („Make America Great Again“) на Трамп, чии дел од поддржувачите отворено се спротивставуваат на можноста за нов конфликт со Иран.

За време на изборните кампањи, Трамп ветуваше дека САД нема повторно да влегуваат во таканаречените „вечни војни“ како оние во Ирак и Авганистан. Грин претходно се дистанцираше од Трамп и поради неговиот однос кон документите поврзани со случајот Џефри Епштајн во неговата администрација.

CATEGORIES
Share This