ИРАН ПОДГОТВУВА НАПАДИ ВО ЕВРОПА – НАТО со итна порака: Подготвени сме

По информациите дека Техеран разгледува напади врз американски цели во Европа, Алијансата порача дека нејзините одбранбени капацитети се „силни и ефикасни“.

ИРАН ПОДГОТВУВА НАПАДИ ВО ЕВРОПА – НАТО со итна порака: Подготвени сме
Фото: Принтскрин

НАТО е подготвен да одговори на секоја закана и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на своите сојузници, порача функционер на Алијансата, откако се појавија информации дека Иран разгледува можност за напади врз американски воени цели во Европа.

„Како што беше демонстрирано претходно оваа година, кога воздушната одбрана на НАТО успешно пресретна балистички ракети истрелани од Иран кон Турција во четири одделни наврати, нашите капацитети за одвраќање и одбрана се силни и ефикасни“, изјави функционерот, пренесува „Ројтерс“.

Информациите за можните ирански планови ги објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори блиски до иранскиот режим. Според нив, Техеран ја разгледува можноста за напади врз американски воени цели во Европа доколку американскиот претседател Доналд Трамп повторно го ескалира конфликтот.

Два извори за весникот навеле дека иранските сили проценуваат потенцијални цели во Југоисточна Европа, меѓу кои и американски објекти во Бугарија, додека Кипар наводно бил споменат како можна цел.

Покрај тоа, Иран наводно разгледува и можност за напади врз подморнички оптички кабли во Хормутскиот теснец. Според изворите, Техеран подготвува сценарија за проширување на конфликтот надвор од Блискиот Исток доколку САД повторно извршат напади врз иранска инфраструктура.

Од НАТО, сепак, уверуваат дека Алијансата располага со капацитети за одвраќање и одбрана и дека е подготвена да реагира доколку се појави конкретна закана за нејзините сојузници.

ИРАН ПОДГОТВУВА ОДМАЗДА На нишан американски бази во Европа, се споменува и Бугарија

CATEGORIES
Share This