ИРАН И НАФТАТА – Трамп најави голем пресврт со нафтата
Геополитичките тензии продолжуваат да влијаат врз енергетските пазари.

На Лондонската ICE берза, „Брент“ суровата нафта поевтини за 2,23 долари и се тргуваше по 108,17 долари за барел. На Њујоршката NYMEX, лесната сурова нафта се намали за 3,13 долари, достигнувајќи цена од 101,94 долари за барел.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека цените на енергенсите „ќе паднат како камен“ веднаш по завршувањето на војната во Иран.
Претходно, глобалните пазари забележаа скок на цените на нафтата до четиригодишен максимум од над 126 долари за барел, поради стравувањата од продолжена ескалација на конфликтот, пренесува Ројтерс. „Брент“ тогаш порасна за речиси 7 отсто на 126,31 долар, пред повторно да се спушти околу 114 долари.
Околу 20 отсто од светските испораки на нафта и течен природен гас поминуваат низ Хормускиот Теснец, што дополнително ги зголеми стравувањата на пазарите и доведе до раст на цените на енергијата.
