ИМАТЕ ДОЛГ ЗА ВОДА Еве како да избегнете дополнителни трошоци
Корисниците со заостанати обврски можат да ги подмират долговите на рати без пресметка на камата најдоцна до 5 јуни.

ЈП Водовод и канализација – Скопје потсетува дека остануваат уште неколку дена од акцијата за отплата на заостанатите долгови за потрошена вода без пресметка на камата за задоцнето плаќање.
Корисниците можат да ја искористат оваа можност најдоцна до 5 јуни, кога истекува рокот за склучување договори за отплата на долговите на рати без дополнителни каматни трошоци.
Од претпријатието ги повикуваат сите граѓани и правни лица кои имаат заостанати обврски по основ на потрошена вода, без разлика дали станува збор за редовен или тужен долг, да ја искористат поволноста и да го регулираат својот долг под поповолни услови.
Одлуката не се однесува на органите на државната и локалната власт, како и на другите државни институции, агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од државата, Град Скопје или општините.
По 5 јуни акцијата завршува и можноста за отплата на долговите без пресметка на камата повеќе нема да биде достапна.
