(ВИДЕО) ХАОС ВО КОСОВСКОТО СОБРАНИЕ Пратеничка го гаѓаше Курти со јајца

Барањето на премиерот за нови консултации предизвика остри реакции во салата.

(ВИДЕО) ХАОС ВО КОСОВСКОТО СОБРАНИЕ Пратеничка го гаѓаше Курти со јајца
Фото: Принтскрин

Конститутивната седница на Собранието на Косово, која се одржуваше во Приштина, беше прекината по инцидент откако пратеничка од опозицијата фрлаше јајца кон премиерот Албин Курти.

Курти во своето обраќање побара дополнително време за политички консултации околу изборот на претседател и потпретседатели на Собранието, како и формирањето на останатите институции. Тој посочи дека сè уште нема политички договор и оцени дека дополнителните разговори се потребни за да се избегнат нови избори.

Неговото барање предизвика незадоволство кај опозицијата, која очекуваше Курти да предложи кандидати за собраниските функции.

Пратеничката на Алијансата за иднината на Косово, Кадријај, реагираше со фрлање јајца кон премиерот. Неколку пратеници се обидоа да ја спречат ситуацијата да ескалира, по што претседателот на Собранието ја прекина седницата.

CATEGORIES
Share This