ХАОС НА ЕВЗОНИ Илјадници туристи заглавени во километарски колони кон Грција

Викендот и стартот на летната сезона предизвикаа огромен метеж на граничниот премин, а патниците со часови чекаат за влез во Грција.

ХАОС НА ЕВЗОНИ Илјадници туристи заглавени во километарски колони кон Грција
Фото: Принтскрин
Илјадници туристи се соочија со долги колони на граничниот премин Евзони при влез во Грција, поради зголемениот интензитет на сообраќајот на стартот од летната туристичка сезона.

Викендот традиционално носи поголем број патници кон грчките летувалишта, а овој пат тоа резултираше со значителни задржувања и чекања на граничниот премин. Возилата се протегаат во долги колони, а патниците губат драгоцено време пред да ја преминат границата.

Според информациите, задржувањата се подолги од вообичаените, бидејќи големиот прилив на туристи ги оптовари капацитетите на преминот уште од раните утрински часови.

Надлежните препорачуваат патниците, доколку имаат можност, да ги користат алтернативните гранични премини или патувањето да го планираат надвор од периодите кога се очекуваат најголеми гужви.

CATEGORIES
Share This