ХАНТЕР БАЈДЕН СО ОСТРА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Трамп е најголема глобална закана од Втората светска војна

Синот на Џо Бајден тврди дека Трамп би можел да се обиде да остане во Белата куќа и по истекот на мандатот.

ХАНТЕР БАЈДЕН СО ОСТРА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Трамп е најголема глобална закана од Втората светска војна
Фото: Принтскрин

Хантер Бајден, син на поранешниот американски претседател Џо Бајден, изјави дека актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, претставува, според неговото мислење, најголема глобална закана за светот од Втората светска војна.

Во интервју за британскиот медиум LBC, Хантер Бајден оцени дека Трамп би можел да се обиде да остане во Белата куќа и по истекот на актуелниот претседателски мандат.

Тој предупреди и дека Соединетите Американски Држави би можеле да се соочат со низа негативни последици како резултат на политиките и одлуките на Трамп во текот на неговиот мандат.

Изјавите на Хантер Бајден доаѓаат во период на засилени политички тензии во САД и повторно ги отвораат прашањата за односот на Трамп кон претседателските овластувања и неговите планови за иднината.

CATEGORIES
Share This