ХАМНЕИ ПОТПИША ОДЛУКА 139 смртни казни преиначени
Помилувањето опфаќа 139 осуденици, но не и лица за најтешки кривични дела.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Моџтаба Хамнеи, одобрил преиначување на смртните казни за 139 затвореници, по препорака на шефот на правосудството, Голам Хосеин Мохсени-Еџаи.
Одлуката, како што соопшти портпаролот на судството Али Асгар Џахангир, е донесена „од хуманитарни причини и во согласност со исламските принципи на милост“, пренесува „Прес ТВ“.
Тој прецизира дека помилувањето не се однесува на лица осудени за дела против националната безбедност, учество во немири и саботажи, како и за вооружен бунт, организирана трговија со дрога, вооружен грабеж, шверц со оружје, киднапирање, примање мито и проневера.
Џахангир додаде дека одлуката е донесена во период кога, според него, многу земји не одобруваат амнестии за време на војни и кризни ситуации.
Според иранскиот Устав, Врховниот лидер има овластување да помилува или ублажува казни на осудени лица по препорака на шефот на правосудството.


