ХАМНЕИ ИСПРАТИ ОСТРА ПОРАКА ДО САД Нема да прифатиме непријателски услови

Иранскиот врховен лидер порача дека разговорите со Вашингтон ќе продолжат, но само со почитување на правата на Техеран.

ХАМНЕИ ИСПРАТИ ОСТРА ПОРАКА ДО САД Нема да прифатиме непријателски услови
Фото: Принтскрин

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, порача дека идните разговори со Соединетите Американски Држави ќе се водат со целосно зачувување на правата и интересите на Техеран.

Хамнеи нагласи дека Иран нема да прифати услови кои ги смета за непријателски, додавајќи дека претседателот Масуд Пезешкијан ја презел одговорноста за заштита на интересите на земјата.

„Имав различно мислење за меморандумот, но го прифатив откако претседателот Пезешкијан се обврза да ги штити правата на нашиот народ“, изјави Хамнеи во писмена порака, пренесена од „Ал Џезира“.

Според него, самото продолжување на преговорите не значи дека Иран ќе се согласи со барањата на Вашингтон.

„Доколку американската страна ги преувеличува своите барања, нема да подлегнеме на тоа“, порача иранскиот врховен лидер.

Хамнеи оцени дека иранските претставници вложиле значителни напори за да се стигне до потпишување на Меморандумот за разбирање, но додаде дека Техеран ќе почека да се исполнат договорените услови пред да продолжи понатаму.

Претходно, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го објави текстот на меморандумот меѓу Иран и САД, кој предвидува прекин на воените операции, почеток на преговори за конечен договор во рок од 60 дена, постепено укинување на санкциите и разговори за иранската нуклеарна програма.

Документот предвидува двете страни веднаш и трајно да ги прекинат воените активности на сите фронтови, вклучително и во Либан, како и да се воздржат од закани и употреба на сила.

CATEGORIES
TAGS
Share This