ГРОСИ УДРИ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – ОН не успеваат да се справат со кризите, светот се помалку им верува

Кандидатот за генерален секретар на ОН вели дека расте уверувањето оти организацијата не реагира доволно на војните и глобалните кризи, додека меѓународните тензии дополнително го усложнуваат изборот на новиот прв човек на светската организација

ГРОСИ УДРИ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – ОН не успеваат да се справат со кризите, светот се помалку им верува
Фото: Принтскрин

Кандидатот за генерален секретар на Обединетите нации, Рафаел Гроси, денеска оцени дека низ светот е широко распространет ставот оти ОН не успеваат соодветно да одговорат на актуелните меѓународни кризи.

Во интервју за РИА Новости, Гроси изјави дека постои широко распространето мислење дека ангажманот на ОН, нивниот Секретаријат и генералниот секретар не е доволен во справувањето со бројните актуелни предизвици.

Според него, актуелниот процес за избор на нов генерален секретар се одвива во значително поинакви околности од претходните избори.

Како главни фактори тој ги посочи зголемените меѓународни тензии, војните и сомнежите во способноста на ОН ефикасно да реагираат на глобалните настани.

Гроси во моментов ја извршува функцијата генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), а еден од кандидатите во процесот за избор на наследник на актуелниот генерален секретар на ОН.

CATEGORIES
Share This