ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ОТКРИЛА ХАОС Падна дозволата на големо финансиско друштво
Вонреден надзор откри сериозни неправилности и прекршувања на законските прописи.

Министерството за финансии донесе одлука за одземање на дозволата за работа на едно од поголемите финансиски друштва во земјата, по спроведен вонреден надзор во кој се утврдени сериозни неправилности и прекршувања на законските прописи. Постапката била покрената по претставка поднесена од граѓанин.
Според информациите од Министерството, контролата покажала сериозно непочитување на законските обврски, како и постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците на финансиски услуги. Надлежните утврдиле и практики со кои директно биле загрозени граѓаните.
Поради тежината на констатираните прекршоци, во текот на мај е донесено решение со кое на друштвото му е одземена дозволата за работа.
Од Министерството информираат дека и во 2026 година продолжуваат засилените теренски и вонтеренски контроли во финансискиот сектор. Во досегашните надзори се утврдени повеќе неправилности, при што од почетокот на годината се изречени 22 глоби за 16 финансиски друштва, како и 23 писмени наредби за отстранување на утврдените недостатоци.
Паралелно со контролите се подготвуваат и законски измени со кои дополнително ќе се заострат условите и критериумите за работа на финансиските друштва. Целта, како што посочуваат од Министерството, е поголема заштита на потрошувачите, намалување на ризикот од прекумерно задолжување и зголемување на транспарентноста и одговорноста во работењето.
Министерството најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со интензивни контроли и ќе ги презема сите законски мерки со цел заштита на граѓаните и спречување на непочитување на прописите.
Во моментов на оваа страница која е обновена на 15 Мај има 28 финансиски друштва:
