ГОЛЕМ УДАР ЗА БУГАРИЈА Не ги исполнува правилата, стартува истрага од ЕК
Европската комисија предлага покренување постапка за прекумерен дефицит против Бугарија.

Фото: Принтскрин
Европската комисија (ЕК) ќе предложи започнување постапка за прекумерен дефицит против Бугарија, откако ќе се утврди дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската унија, изјави европскиот комесар за економија Валдис Домбровскис.
По состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург, тој посочи дека Комисијата ја анализирала буџетската состојба на повеќе земји-членки и заклучила дека Бугарија не ги исполнува пропишаните услови во однос на буџетскиот дефицит, пренесува порталот „Новините“.
Според правилата на Европската унија, постапка за прекумерен дефицит може да се покрене кога буџетскиот дефицит надминува 3% од бруто домашниот производ, додека јавниот долг надминува 60% од БДП.
CATEGORIES Бизнис


