ГЕРМАНИЈА НЕ ОТСТАПУВА Започна производство на 5.000 борбени дронови за Украина

Берлин продолжува со воената поддршка за Киев, а првите летала веќе се склопуваат во близина на Минхен.

ГЕРМАНИЈА НЕ ОТСТАПУВА Започна производство на 5.000 борбени дронови за Украина
Фото: Принтскрин

Германија продолжува со својата цврста политика на воена поддршка за Украина. Во близина на Минхен денеска започна масовното производство на повеќе од 5.000 борбени беспилотни летала со среден и долг дострел, наменети за украинските сили.

Производството го започна германската одбранбена компанија „Аутерион“, во соработка со украинско-германското заедничко претпријатие „Ерлогикс“.

Првите беспилотни летала веќе се склопени, како дел од нарачката обезбедена од германската влада, соопштија двете компании.

Според „Дојче веле“, „Аутерион“ го развива и обезбедува софтверот базиран на вештачка интелигенција, додека „Ерлогикс“ е одговорен за хардверскиот дел и производството на самите летала.

Со овој потег Берлин уште еднаш потврдува дека останува на линијата на континуирана воена поддршка за Украина, додека европските земји се обидуваат да ги зголемат сопствените капацитети за производство на беспилотни системи.

CATEGORIES
TAGS
Share This